. METROFOOD MK

Подготвителна фаза

Главната цел на проектот METROFOOD-PP е, METROFOOD-RI да дејствува на легално ниво со финансиска и техничка зрелост на европска истражувачка инфраструктура, која е спремна за имплементација и дејствување.

Цел 1: Воспоставување на легално тело кое ќе менаџира со истражувачка инфраструктура

Целта е да се воспостават сите правно обврзувачки договори потребни за воспоставување на правниот статус на конзорциум на европска истражувачка инфраструктура (ЕРИК)

Цел 2: Tехнички да се организира истражувачката инфраструктура како сервисно орјентирана организација и дефинирање на операционите стандарди

Целта е технички да се дефинира искористувањето на сите физички и електронски објекти на METROOOD-RI за да се опслужуваат корисниците.

Цел 3: Дефинирање на активностите на подолг временски период на за идната истражувачка инфрструктура

METROFOOD-PP ќе ги развие структурите и процесите со цел да обезбеди интегриран пристап на главните научни теми поврзани со метрологијата во храната и исхраната. Ќе се зајакнат врските со другите поголеми европски и глобални истражувачки инфраструктури и организации.

Проектот е финансиран од Европска Унија од програмата за истражување и развој Хоризонт 2020 според Договор за Грант под број 871073.